Top Sport

Кеси во јануари се враќа во Милан?

Франк Кеси ќе се врати во Серија А, по само една полусезона во дресот на Барселона, најавуваат италијанските медиуми. Тој би можел повторно да го облече дресот на Милан, овојпат како позајмен играч од Барса.

Кеси дојде како големо засилување на „Камп Ноу“, но тренерот Чави очигледно не е задоволен од неговите настапи на почетокот од сезоната.

Дури е подготвен и да се ослободи од него. Вредноста на Кеси изнесува околу 40 милиони евра, а тој е незадоволен затоа што не ја добива посакуваната минутажа.

Милан би го вратил на позајмица со право на откуп на крајот од сезоната.

Scroll to Top