Нов преоден рок, нов тим за Кевин-Принс Боатенг. Фиорентина се согласи да го даде напаѓачот на позајмица во Бешикташ во следните 18 месеци, што значи дека 33-годишниот фудбалер ќе има трет тим во последната година дена.
Ганецот беше мета на критики на навивачите на Виола оваа сезона, откако тој постигна само еден гол во 15 настапи (и тоа во првиот меч против Наполи), откако пристигна во Фиорентина за само милион евра од Сасуоло, иако претходно играше и во Барселона.
Во Бешикташ тој треба да се бори со Абдулај Диаби и Умут Најир за место во 4-2-3-1 формацијата на новиот тренер Серген Јалчин, откако „црните орли“ се само 7. на табелата и се елиминирани од Лига Европа и од Купот на Турција.
Beşiktaş ailesine hoş geldin Kevin-Prince Boateng ⚡?
Welcome to Beşiktaş @KPBofficial #DeliGibiSeverim ? pic.twitter.com/gEIXgGdeiF— Beşiktaş JK (@Besiktas) January 31, 2020