Top Sport

Седорф: Сите во Реал играа за Роналдо

Селекторот на фудбалската репрезентација на Камерун, Кларенс Седорф, смета дека Реал Мадрид не е послаб како тим по заминувањето на Кристијано Роналдо во Јувентус.

Поранешниот играч на Реал мисли дека Роналдо на „Сантијаго Бернабеу“ профитирал од колективната игра на целиот тим.

„Со должна почит кон Роналдо кој е неверојатен фудбалер, Реал не е послаб без него. Да, со Роналдо би постигнале неколку гола повеќе, но секогаш сум зборувал дека Реал победува кога играт колективно“, рекол Седорф и дополнил.

„Роналдо постигна многу голови бидејќи тоа му го овозможи тимот. Тој знае како да поентира на вистински начин, но не знае сам да створи шанса. Зад неговиот успех стоеше макотрпната тимска работа“.

Реал по 26 натпревари во Ла Лига се наоѓа на третото место на табелата со пет бода помалку од Атлетико и 12 од Барселона.

Scroll to Top