Фиорентина се пласираше во полуфиналето на Копа Италија, откако во фуриозен меч со 7:1 ја понижија Рома на „Артемио Франки“ благодарение на хет-трикот на 21-годишниот Федерико Киеза, синот на легендата на клубот, Енрико.
Киеза прво за 18 минути постигна два гола, по што Рома ги врати надежите со одличниот гол на Александар Коларов, пред Муриел на крајот на полувремето да зголеми на 3:1.
#FiorentinaRoma lo sputo di Dzeko all’arbitro. Che schifo pic.twitter.com/wthpm8YbTy
— Lorenzo (@lollo6468) January 30, 2019
Второто полувреме беше целосно во знакот на Виола, откако прво Марко Бенаси зголеми на 4:1, а потоа дојде и последниот „удар“ за „волчицата“ – црвениот картон на лутиот Един Џеко поради плукање на судијата.
Потопот продолжи прво преку Киеза, кој го комплетираше хет-трикот, а потоа уште еден син на славен фудбалер, Џовани Симеоне (неговиот татко е тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне) да постигне два гола за конечни 7:1.
Фото: ЕПА