Top Sport

Киеза со фантастичен гол ги крена Јуве!

Јувентус се пласираше во четврт-финалето на Копа Италија, обезбедувајќи гостување кај Лацио, откако Федерико Киеза својот камбек на фудбалските терени по долгата пауза поради повреда го запечати со прекрасен гол во финишот за 2:1 победа над упорната Монца.

Моисе Кин ги донесе Јуве до рано водство уште во осмата минута, но гостите се вратија во игра во 24. минута преку Матија Валоти. Овој резултат беше актуелен до 78. минута, кога Киеза ја направи својата магија за 2:1 победа.

Scroll to Top