Top Sport

„Кралевите“ не се мртви! Реал се врати од 0:2 за победа над Вилјареал

Реал Мадрид се пласираше во четврт-финалето на Кралскиот куп, откако направи фантастичен пресврт на „Керамика“ за 3:2 победа над Вилјареал, откако губеа со 2:0 до 50-тата минута од мечот.

Ветеранот Етјен Капуе постигна гол уште во четвртата минута за рано водство на „жолтата подморница“, за во 42. минута Самуел Чуквуезе да најави елиминација на фаворитот за 2:0. Меѓутоа, тимот на Карло Анчелоти, критикуван по убедливиот пораз од Барселона во финалето на Суперкупот на Шпанија, покажа дека уште има „заби“ и желба за надигрувае.

Винисиус Жуниор во 57. минута ја врати надежта на гостите, за во 69. минута неговиот бразилски сонародник Едер Милитао да израмни на 2:2. Победничкиот гол го постигна Дани Себалјос во 86. минута.

Scroll to Top