Top Sport

Кике Санчез Флорес по третпат на клупата на Хетафе?

Доколку нема изненадувања во последен момент, Кике Санчез Флорес по третпат ќе стане тренер на Хетафе, јавуваат шпанските медиуми, откако прволигашот од предградието на Мадрид реши да го отпушти Мичел по катастрофалниот старт на сезоната.

Според „ЦОПЕ“ и „Марка“, по „авантурата“ во Вотфорд, Санчез Флорес ќе потпише договор до јуни со Хетафе во обид да ги спаси од испаѓање и да ја „спаси“ сезоната.

Санчез Флорес беше тренерот кој првпат ги донесе Хетафе во Ла лига, а потоа десет години подоцна повторно се враит на клупата, но се повлече поради приватни причини.

Scroll to Top