Проблемите на Барселона станаа поголеми, откако нивниот поранешен тренер Кике Сетиен, кој беше најодговорен за срамотниот 8:2 пораз од Баерн Минхен во Лигата на шампионите најави тужба против каталонскиот клуб.
Сетиен уште на 26 август прати барање до Барселона да му ги „среди“ документите по неговиот отказ, за да може да стане тренер во друг клуб, но сега, откако не доби одговор, тој бара разрешница на суд.
Сетиен официјално има договор со Барселона до 2022 година и официјално не добил отказ и побарува 4 милиони евра отштета, јавуваат шпанските медиуми.
Сетиен беше лидер на Барса во само 25 меча, од кои победи во само 16, предводејќи ја Барселона до „колапс“ во борбата за титулата во Ла лига, и срамниот настап во Лигата на шампионите.