Top Sport

Федерер се „проба“ како пејач со песна на Битлси

Роџер Федерер одамна не игра тенис и се подготвува за 2021 година, така што имаше доволно време да ги покаже своите квалитети како пејач во новата реклама на швајцарската телеком компанија „Sunrise We“.

Заедно со повеќе актери и пејачи, Федерер се покажа со класикот на Битлси, „With a Little Help From My Friends“ и призна дека не му било едноставно.

„Морав да се надминам самиот себеси, но ми беше полесно бидејќи пеевме во група. Секогаш е чудно кога ќе го слушнам мојот глас. Но, кога ми кажаа дека не мора да звучам совршено, ми олесна“, вели Федерер.

Scroll to Top