Top Sport

Кико Касилја доби суспензија од осум меча поради расизам!

Голманот на англискиот второлигаш Лидс јунајтед, Шпанецот Кико Касилја доби суспензија од осум меча и финансиска казна од 60.000 фунти за расизам во мечот против Чарлтон.

Според англиската Фудбалска асоцијација (ФА), 33-годишниот поранешен голман на Реал Мадрид, расно го навредувал Џонатан Леко од Чарлтон при 1:0 поразот од лондонскиот клуб во септември. ФА тврди дека Касилја му префрлал на Леко со пораки за „расата, бојата на кожата, или етничката припадност“.

Покрај казната, Касилја ќе мора да оди и на посебни лекции за расизмот. Лидс ја прифатија одлуката, но повторија дека голманот е невин.

„Ние не толерираме никаква дискриминација во нашиот фудбалски клуб и секогаш сме лидери во борбата против дискриминација во нашата заедница. Сепак, важно е да се посочи дека Кико постојано демантираше дека направил расистички коментар, и панелот на ФА донесе одлука без да го докаже тоа без сомнеж“, се вели во соопштението на клубот.

Лидс се на второто место во Чемпионшип, со пет поени пред Фулам и се на добар пат да обезбедат автоматски влез во Премиер лигата на 11 кола пред крајот на сезоната.

Scroll to Top