Top Sport

Харден за Адетокумбо: Јас барем морав да научам да играм кошарка

Ѕвездата на Хјустон рокитс, Џејмс Харден не престанува со конфликтот со Јанис Адетокумбо, откако ѕведата на Милвоки бакс направи „солена“ шега на сметка на „брадата“.

„И јас би сакал да имам 2.10, да трчам и само да забивам. За тоа не ти е потребна некоја вештина. Но, јас морав да научам да играм кошарка и да развивам вештини. Подобро е така, нели?“, вели Харден во последното интервју за „ЕСПН“.

Иако тој не го прозва Јанис по име, коментарот дојде откако новинарката ја спомена шегата на Адетокумбо дека го избрам Кемба Вокер од Бостон на местото на Харден бидејќи сакал да има некој кој ќе му ја подава топката.

Харден ова очигледно не го сфати како хумористично, посебно бидејќи тој е деветти во НБА по асистенциите со 7.3, додека Вокер е 36. со 5.0 по натпревар.

Scroll to Top