Top Sport

Кикс на Салцбург, Халанд може да си отиде во јануари за „смешни“ пари?

Младиот норвешки фудбалер кој е најголемото изненадување во првиот дел од Лигата на шампиони, играчот на Салцбург, Елринг Халанд, наводно уште во јануари би можел да го напушти актуелниот клуб.

Германски „Билд“ открива дека Салцбург, кој младиот фудбалер го доведе во своите редови од Молде за само 5 милиони евра, наводно направиле голема грешка кога во договорот на Халанд ставиле клаузула дека тој може да го напушти австрискиот клуб уште во јануари за сума од 20 милиони евра, што е неколкукратно помала од неговата моментна вредност на фудбалскиот пазар. Шпекулациите се дека таа достигнала и 100 милиони евра.

Информациите на германскиот медиум се уште не се потврдени, но доколку се точни, тогаш Салцбург ќе бидат големи губитници.

Халанд за „биковите“ на 20 натпревари постигна неверојатни 27 гола. Тој е влезе во историјата на фудбалската ЛШ како прв играч кој успеал да даде гол на 5 меча по ред во групната фаза.

Scroll to Top