Top Sport

Ленокс Луис: Мислев дека Тајсон сака да ми ја скине главата!

Поранешниот светски боксерски шампион во тешка категорија, Британецот Ленокс Луис опиша како изгледало спарингувањето со „железниот“ Мајк Тајсон. Тие двајца се врсници, двајцата беа шампиони, а само еднаш се бореле меѓусебно.

Тоа се случи во јуни 2002 година во Мемфис, кога Луис во 8. рунда го нокаутираше Тајсон.

Сепак, тие уште како тинејџери имале дуел во рингот. Како 16-годишници меѓусебно спарингувале затоа што биле за класа подобри од своите врсници.

„Го освоив Светското јуниорско првенство во Доминиканска Република. Се сеќавам дека Американците ми рекоа дека сепак не сум се борел со најдобриот. Првпат кога се сретнав со Мајк беше многу фин. Ме однесе во неговата соба и ми покажа стари потези кои претходно не сум ги видел. Првиот ден во салата, штом се слупна ѕвоното навали на мене како да сака да ме убие. Пробав со финтата на Мухамед Али и се држев далеку од неговите моќни удари. Првиот ден беше многу жесток, вториот ден беше шесток, дури третиот ден бев подобар од него“ – се присеќава Луис.

Тој додава дека тогаш мислел дека младиот Тајсон сака да му ја скине главата.

„Спарингувавме неколку дена и по некое време стана полесно. Тогаш, во еден момент Тајсон веќе не сакаше да ме брка, ги спушти рацете. Јас му зададов серија удари, а неговиот тренер Дамато му рече `Мајк, немој тоа да го правиш, еден ден ќе се бориш со тоа момче`“ – вели Британецот.

Нивниот дуел се случил по 20 години од тоа спарингување. Еве како изгледаше:

Scroll to Top