Top Sport

Ким Мин-Јае му кажа „да“ на Манчестер Јунајтед

Централниот дефанзивец на Наполи, Ким Мин-Јае, ја прифати понудата на Манчестер Јунајтед и начелно се согласи да му се приклучи на 20-кратниот шампион на Англија во текот на летото, пишува италијанскиот „Ил Матино“ од Наполи. Според изворот, раководството на новиот шампион на Италија веќе бара замена за Јужнокореецот.

Манчестер Јунајтед ќе ја плати отштетната клаузула од 48 милиони евра во неговиот договор, која мора да биде активирана во првата половина на јули.

Пред неколку недели претставници на Манчестер Јунајтед стапиле во контакт со агентите на Ким Мин-Јае и му понудиле одлични услови, а тој едноставно не можел да каже „не“ за преселба на „Олд Трафорд“.

Јужнокореецот е среќен во Неапол, но отсекогаш сонувал да игра во Премиер – лигата.

Scroll to Top