Top Sport

Кимих и Баварците ја освоија Москва, Интер „заглави“ во Украина

Европскиот шампион Баерн Минхен го продолжи совршениот старт на новата сезона во Лигата на шампионите, победувајќи ја Локомотива Москва со 2:1 во тежок меч, додека Интер немаше „муниција“ против Шахтјор Доњецк, одигрувајќи 0:0 во Украина.

Баерн дојде до брзо водство на „РЗД арената“, поведувајќи во 13-тата минута со голот на Леон Горецка, но не успеаја да создадат многу шанси во целото прво полувреме, пред во второто, Локомотив да го „крене“ нивото и во 70-тата минута да израмни преку Антон Миранчук.

По ова, домаќините имаа две одлични шанси кои не ги искористија, пред Баварците да ги казнат со убавиот гол на Џошуа Кимих, за втора победа на стартот на ЛШ по 4:0 доминацијата над Атлетико.

Интер пак, имаше повеќе од играта и шансите против Шахтјор, кои во првото коло го шокираа Реал Мадрид, но не успеа да стигне до гол.

ЛИГА НА ШАМПИОНИ, 2.КОЛО

ГРУПА А

Локомотив Москва – Баерн Минхен 1:2

Атлетико Мадрид – Салцбург 21.00 ч.

ГРУПА Б

Шахтјор Доњецк – Интер 0:0

Борусија Менхенгладбах – Реал Мадрид 21.00 ч.

Scroll to Top