ПСЖ, утре, ќе го пречека Баерн Минхен, во четврт-финалниот реванш во Лигата на шампионите. Првиот натпревар им припадна на фудбалерите од Париз (3:2).
Актуелните европски шампиони, со голем оптимизам патуваат на реваншот во Париз. За да поминат во полу-финалето, потребна им е победа од два гола, победа од еден гол ги носи понатаму само ако постигнат повеќе од три гола.
„Верувам дека ќе поминеме во следната фаза, подобар тим сме од ПСЖ. Бевме подобри и во првиот натпревар, но резултатот тоа не го покажува. Верувам дека ќе направиме пресврт“, рекол Џошува Кимих и дополнил.
„Многу работи ќе зависат од нашиот менталитет и ефикасноста. Во првиот меч го покажавме менталитетот, но не бевме ефикасни. Во париз мораме да ги користиме шансите. Тие во првиот меч три пати се заканија и постигнаа три гола. Мораме да ги искористиме нашите шанси“.
Натпреварот во Париз, утре ќе започне во 21 часот.