Top Sport

Кимих потврди дека останува во Баерн Минхен

Џошуа Кимих нема да го напушти Баерн Минхен ова лето. Фудбалерот донесе конечна одлука и ја соопшти во јавноста. Тој истакна дека е подготвен за нова успешна сезона со баварскиот гигант.

„Следната сезона ќе играм во Баерн Минхен. Немам други планови“, истакна Кимих.

Последниве недели имаше многу гласини околу името на Џошуа Кимих. Барселона беше заинтересирана за него, а потоа се споменуваше дури и Реал Мадрид. На крајот, секако имаше интерес и од пребогатите клубови од Саудиска Арабија.

Сепак, се чини дека Баерн Минхен ова лето нема да се раздели со еден од своите најдобри играчи во последните години.

Scroll to Top