Легендарниот поранешен капитен на Манчестер јуанјтед, Рој Кин вели дека следниот постојан менаџер на Манчестер јунајтед мора да направи „чистка“ во клубот и открива дека тој би ги заддржал само Бруно Фернандеш, Кристијано Роналдо и Рафаел Варан во „обновениот“ тим.
Откако пропуштија 2:0 водство против Астон вила за 2:2 реми, Јунајтед се наседмото место на табелата со дури 5 поени зад четвртопласираниот Вест хем со само една победа во последните четири меча.
„Да, не би ги исфрлил сите. Бруно, луѓе како Роналдо. Го имате и Рафаел Варан, добри млади играчи. Но, другите… Кога ќе дојде нов менаџер, ќе има добра стартна позиција бидејќи на дел од играчите им завршуваат договорите. Потоа да одат да најдат некои млади, гладни квалитетни играчи кои сакаат да играат за Манчестер јунајтед“, вели Кин.