Top Sport

Ловрен по одлуката за Ѓоковиќ: Избркаа здрав спортист, а нивните граѓани 2 години гледаа во плафон

Хрватскиот фудбалер на Зенит Санкт Петерсбург, Дејан Ловрен, покрај тоа што е добар пријател со Новак Ѓоковиќ, целосно се согласува со него околу противењето на вакцинирањето на КОВИД, така што не изненадува неговата реакција на социјалните мрежи по одлуката Ѓоковиќ да биде депортиран.

Откако прво сподели карикатура на Ѓоковиќ на тениски терен против „група“ на ваксери со порака „Австралија падна!“, потоа го објасни својот потег.

„Не можам да си дојдам при себе и да прифатам дека истераа здрав спортист од земјата, и тоа човек кој направил многу повеќе добри дела отколку тие ‘важни поединци’ кои одлучуваат. Верувам дека и тие имале свои забави на состаноците, додека нивните граѓани 2 години гледаа во плафон“, напиша Ловрен.

Ловрен: Сега уште повеќе ќе навивам за Ѓоковиќ

Scroll to Top