Top Sport

Кин не престанува со голови за Јуве, „бјанконерите“ владетели на Сардинија (видео)

И без Кристијано Роналдо, Пауло Дибала, Леонардо Спинацола, Андреа Барѕаљи, Хуан Квадрадо, Даглас Кошта и грипосаниот Марио Манџукиќ, Јувентус ја забележа 26. победа во 30. коло во Серија А со 2:0 на гости кај Каљари.

Мечевите на Сардинија се многу тешки за било кој противник, но „бјанконерите“ и овојпат најдоа решение, продолжувајќи ја фантастичната низа против Каљари – 14 победи и 3 ремија од последниот пораз во ноември 2009 година.

Човек на одлука беше Леонардо Бонучи, кој беше највисок во скокот по корнерот на Федерико Бернардески, упатувајќи ја тоипката во долниот агол во 22. минута.

Младиот Моисе Кин ја продолжи фантастичната низа за тимот и за репрезентацијата, откако во 85. минута ја потврди победата. Ова е само трет старт на италијанскиот репрезентативец за Јуве оваа сезона, и петти гол за „бјанконерите“.

Scroll to Top