Рој Кин, легендата на Манчестер Јунајтед, в анализата на натпреварот Ливерпул-Тотенхем најпрвин го критикувал Деле Али, а потоа и бековите на екипата од северен Лондон, Серж Орие и Дени Роуз.
Орие и Роуз во текот на целиот натпревар тешко се справуваа со колегите во црвени дресвои, Еди Робертсон и Трен Александер-Арнолд. Несреќата да биде поголема Орие направи пенал врз Садио Мане од кој Мо Салах им ја обезбеди победата на Ливерпул, а Роуз во финишот од изгледна позиција го погоди последниот ред на трибините.
„Бековите на Тотенхем беа грозни. Глупавиот и поглупавиот, така би ги нарекол. Мислам дека беа многу лоши“, рекол Кин во анализата за „Скај“.
„Не можат да се споредат со бековите на Ливерпул, тие двајца се апсолутно фантастични. Особено кога ќе тргнат во напад. Постојат делови од својата игра во одбраната што треба да ги усовршат, но во нападот се апсолутно фантастични“.
https://twitter.com/360Sources/status/1188551080814272512
Неговиот колега Гери Невил застанал во одбрана на Орие и Роуз. Тој смета дека бековите не добиле никаква поддршка на своите крилни играчи Кристијан Ериксен и Хеонг-мин Сон.
Кин: Деле Али мисли дека е манекен, како играч тој не постои