Top Sport

Кина забрани ТВ преноси од Премиерлигата зошто ќе се изразува солидарност кон Украина

Кина ги забрани ТВ преносите од натпреварите од англиската Премиерлига овој викенд. Причината се планираните манифестации на солидарност кон Украина, кои ќе ги има на сите натпревари од шампионатот.

Викендов капитените на тимовите ќе носат специјални ленти со боите на Украина, а на видео-бимовите на стадионите ќе пишува „Фудбалско останува заедно“. Пред секој натпревар ќе има момент кога играчите и навивачите ќе ги изразат своите симпатии за Украина.

Премиерлигашите објавија дека се „целосно против постапките на Русија“.

„Повикуваме на мир и нашите мисли се со сите кои се засегнати“, додаваат во својот став од елитата на англискиот фудбал.

Scroll to Top