Според италијанскиот весник „Ил кориере дело спорт“, семејството Жанг ја овластило „Ротшилд банката“ да побара нов малцински сопственик на Интер, а кинеските газди исто така не ја отфрлаат можноста целосно да го продадат италијанскиот гигант.
Главната цел на Стивен Жанг е да се најде замена за претходниот акционер „Лајон рок“, но ако постои вистинска понуда ниту продажбата на клубот не е отфрлена. И претходните газди, Масимо Морати и Ерик Торир се обидуваа да најдат потенцијални финансиски партнери, но на крајот го продадоа клубот, и „Кориере“ тврди дека тоа останува голема можност.
Сепак, газдите им порачале на директорите на клубот дека бараат само да се рефинансира постоечкиот долг и дека проектот започнат во 2016 не е под закана. Од друга страна, газдите не дозволуваат засилувања во јануарскиот преоден рок доколку Антонио Конте не се ослободи од вишокот фудбалери – Раџа Наинголан веќе беше позајмен на Каљари, а се верува дека и Кристијан Ериксен ќе биде продаден.