Top Sport

Коман: Страв ми да давам голови со глава

Иако го постигна победничкиот гол во Лигата на шампионите со глава, Кингсли Коман тврди дека му е страв да ја удира топката со глава и дека поради тоа соиграчите од Баерн Минхен му се потсмеваат.

24-годишниот Французин беше клучниот човек во 1:0 победата на Баерн над Пари Сен-Жермен во април, но вели дека секогаш ги затвара очите кога  ја удира топката со глава.

„Тоа е начинот на кој го правам бидејќи малку сум исплашен од играта со глава и моите соиграчи се потсмеваат со мене за тоа. Може да се забележи на фотографиите. Ги затварам очите, тоа е природен рефлекс. Во последен момент без да сакам очите ми се затворени“, вели Коман.

Scroll to Top