Top Sport

Кинезите го продаваат Интер

Кинеските сопственици одлучиле да го продадат Интер, открива „Фајненшл Тајмс“. Тие веќе го ставиле клубот на берза и очекуваат понуди.

Со доаѓањето на Стивен Жанг за прв човек, како претставник на компанијата „Сунинг“, Интер се врати меѓу најдобрите во Италија. Претходно, откако Масимо Морати одлучи да го продаде Интер во 2013 година, италијанскиот клуб помина низ многу турбулентни времиња под водство на Ерик Тохир.

Адвокатите на „Сунинг“ веќе почнале да бараат потенцијални купувачи, а сопствениците на Интер побараа помош од познатата групација „Голдман Сакс“. Станува збор за инвестициски фонд кој управуваше со процесот на продажба на Челси, кој на крајот го купи американскиот бизнисмен Тод Боели за 2.500.000.000 фунти од Роман Абрамович.

Според некои проценки, Интер би требало да чини околу 1.200.000.000 евра, заинтересирани се купувачи од Соединетите Американски Држави, но и фонд во сопственост на Саудиска Арабија кој го купи Њукасл и Мароканецот Марк Ласри.

Загубите на најголемите клубови се честа појава во модерниот фудбал, а исклучок не е ниту Интер, кој во претходните три сезони загуби речиси 500.000.000 евра.
„Сунинг“ сега е подготвен да го продаде клубот за да ги покрие сопствените загуби.

Кинезите имаат големи финансиски проблеми во својата татковина, особено по неуспешниот договор со „Алибаба“. Затоа позајмиле од банката 275.000.000 долари и за возврат го ставиле Интер на берзата.

Scroll to Top