Top Sport

Игуаин: Сонот заврши, сега почнува мојот втор живот

Аргентинскиот напаѓач Гонзало Игуаин ја заврши богатата фудбалска кариера. Тој го одигра последниот меч во дресот на Интер Мајами, во поразот од Њујорк (3:0) во осмина-финалето на плејофот од МЛС лигата на САД.

На крајот не можеше да ги задржи солзите.

„Сонот заврши, сега почнува мојот втор живот. Заврши она што го сакав најмногу – да играм фудбал. Половина од животот, 17 години кариера се зад мене, тажно е, но истовремено сум и среќен зошто ме чека моето семејство со кое сега ќе минувам многу повеќе време“, изјави Игуаин.

Кариерата ја заврши на 34 години, а играше и за Ривер Плата, Реал Мадрид, Интер, Наполи, Јувентус, Челси и за Милан. За репрезентацијата на Аргентина одигра 75 меча и постигна 31 гол.

Scroll to Top