Серхио Рамос нема најдобра репутација кај дел од фудбалските фанови, кои сметаат дека се работи за „валкан“ фудбалер кој сака да ја искористи секоја шанса да добие предност. Посебно навивачите на Ливерпул, кои го обвинуваат за повредата на Мо Салах и „лактот“ за Лорис Кариус во минатогодишното финале на ЛШ.
Но, напаѓачот на Бурнемаут и на норвешката репрезентација, Џошуа Кинг, вели дека Рамос е еден од „најчистите“ дефанзивци на светот, откако играше против него во 2:1 поразот на „Месталја“ во сабота навечер.
„Мислам дека одиграв добро против Рамос, еден од најдобрите бекови на светот. Тој има репутација дека е ’валкан’ и груб играч, но не се сеќавам дека сум играл против толку фини дефанзивци. Не сум ги гледал сите негови мечеви, но мислам дека сите стартови беа спортски и фер“, вели Кинг.
Кинг постигна гол од пенал за да израмни на 1:1, но Рамос врати исто така од белата точка со „паненка“ на шест минути пред крајот за Шпанија да ги освои трите поени.