Поранешниот фудбалер на Арсенал, Мартин Кион смета дека поранешниот капитен Хери Мегваер не е најголемиот проблем во тимот, туку дека вината мора да се гледа во неубедливиот среден ред на тимот на Ерик Тен Хаг.
„Некои од нас велат дека можеш да поминеш со автобус низ некои фудбалски клубови, а сега тоа е случајот со Манчестер јунајтед. Нив проблемот им е во средниот ред и затоа Хери Мегваер не е главната пречка“, вели Кион за „Токспорт“.
Јунајтед ова лето ги донесоа Мејсон Маунт од Челси и Софијан Амрабат од Фиорентина, токму да го решат проблемот за кој зборува Кион.