Top Sport

(Видео) Емерсон Ројал стана рапер

Фудбалерот на Тотенхем, Емерсон Ројал преку својот Инстаграм профил го објави своето ново музичко видео, покажувајќи дека има талент и далеку од фудбалските терени.

24-годишниот Емерсон и неговата партнерка Естела Брага го споделија видеото во кое се фокусираат на нејзината бременост и на промената во нивните животи. Останува да се види кога ќе се сподели целосно видео од песната.

Бразилецот, кој беше поврзуван со трансфер во Реал Мадрид, оваа година е стандарден под Ејнџ Постекоглу во Тотенхем, стартувајќи во првите три меча од Премиерлигата.

Scroll to Top