Top Sport

Кире Ристевски трет Македонец во Пјуник

Македонскиот фудбалски репрезентативец Кире Ристевски е нов фудбалер на Пјуник. Тој е третиот играч од Македонија кој во овој преоден рок се пресели во ерменскиот клуб.

После Марјан Радески и Стефан Спировски, и дефанзивецот Кире Ристевски ја прифати понудата за преселба во Ерменија.

Кире Ристевски пред десетина дена ја раскина соработката со кипарскиот тим АЕЛ Лимасол.

Ристевски во минатото беше дел од Пелистер, Работнички, Елбасан, Билиш Балш, Тирана, Славија, Вашаш и Ујпешт. За репрезентацијата на Македонија досега има 57 натпревари.

Scroll to Top