Top Sport

Ќе добие ли Јирген Клоп отказ од Ливерпул?

Ливерпул доживеа убедлив пораз (2:5) од Реал Мадрид во првиот осминафинален натпревар од Лигата на шампионите, а со оглед дека и досегашниот тек од сезоната е далеку под очекувањата, раководството на клубот на итен состанок ја разгледувал ситуацијата со менаџерот Јирген Клоп. Челниците на клубот веќе не се сигурни дека Германецот може да има контрола над тимот и да го води кон многу подобри резултати.

Ливерпул е елиминиран од ФА купот на Англија, пред елиминација е и во Лигата на шампионите, а неизвесно е дали ќе успее да избори пласман во елитното европско натпреварување за следната сезона, со оглед дека во моментот е на осмото место на табелата во Премиер-лигата, со седум бода заостанување зад четвртопласираниот Тотенхем.

Медиумите на Островот најавуваат дека прв кандидат за наследник на Јирген Клоп е исто така Германец, актуелниот тренер на Баерн Минхен, Јулијан Нагелсман.

 

Scroll to Top