Top Sport

Панчев се вмеша во изборот за претседател на ФСС: Џајиќ е вистинскиот избор

Легендата на српскиот фудбал и на Црвена Звезда, Драган Џајиќ, е голем фаворит да биде нов претседател на Фудбалскиот сојуз на Србија. Тој за ривал го има многу помладиот Немања Видиќ, кој исто така беше дел од Црвена Звезда, а потоа изгради фантастична кариера во Манчестер Јунајтед.

За изборот свој став даде и легендарниот македонски фудбалер, Дарко Панчев. Легендарниот напаѓач чиј гол во 1991 година во пенал рулетот и ја донесе на Звезда титулата европски првак, смета дека Џајиќ би бил добро решение.

„Природно е Џаја да биде претседател. Тој е веќе искусен, нема други обврски, па може да се концентрира на сето тоа. Со помош на оние кои ќе бидат со него, кои ќе му помогнат, може да ја подобри ситуацијата во српскиот фудбал иако според мене состојбата на српскиот фудбал е сѐ подобра и подобра во последните неколку години. Затоа го поддржувам Џајиќ. Поздрав до него и до сите во Белград“, изјави Дарко Панчев за српските медиуми.

Тој додаде дека Џајиќ цел живот се занимавал со фудбал, дека бил одличен играч, подоцна одличен менаџер и дека „придонел за подобрување на југословенскиот и на српскиот фудбал.

Scroll to Top