Top Sport

Ќе игра во Интер, а пола плата ќе зема од Манчестер Јунајтед

Манчестер Јунајтед и Интер постигнале договор околу Алексис Санчез. Чилеанецот една година, како позајмен играч, ќе го носи дресот на Интер. По завршувањето на сезоната екипата од Милано ќе мора да го откупи неговиот договор.

Алексис Санчез не ги исполни очекувањата откако за сума од 34 милиони фунти и Хенрик Мхитаријан за пресели во Јунајтед. Во Јунајтед на сите начини се обидуваа ова лето да се ослободат од неговиот договор. Санчез неделно заработува речиси 500.000 фунти.

За да се ослободат од него во Јунајтед ја прифатиле понудата на Интер тие и понатаму да исплаќаат дел од платата на фудбалерот. Додека трае позајмицата Манчестер Јунајтед ќе му исплаќа на Санчез неделно по 215.000 фунти.

Чилеанецот за 18 месеци на „Олд Трафорд“ одигра 45 натпревари и постигнал само пет гола. Тој по пауза од осум години повторно ќе игра во Серија А, каде во минатото бил играч на Удинезе.

Scroll to Top