Како и повеќето европски лиги и Првата лига на Македонија ќе го доживее својот крај на фудбалскиот терен, откако клубовите се решија на „втората“ варијанта за продолжување на шампионатот по предлогот на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ).
По претставувањето на трите сценарија за крај на сезоната, клубовите се решија да се доиграат преостанатите четири кола од третиот круг на натпреварување, по што ќе се игра плејоф и плејаут, иако нема да има испаѓање од лигата.
ФФМ вака го објасни својот предлог
– Одигрување на четирите преостанати кола од третиот круг, а потоа преминување на одигрување на плеј – оф (првите шест екипи по завршување на третиот круг). Првопласираните три екипи по крајот од плеј-офот се стекнуваат со право на учество во УЕФА европските натпреварувања. Плеј-аут (последно пласираните четири екипи по завршување на третиот круг) БЕЗ ИСПАЃАЊЕ на последните две екипи по крајот од плеј-аут фазата. Одигрување на Купот на Македонија со еден полуфинален натпревар и финален натпревар. Победникот од Купот на Македонија обезбедува пласман во УЕФА европските натпреварувања.
Фото: ФФМ