Top Sport

Тотенхем имаат „кредит“ од 852 милиони фунти за новиот стадион!

Тотенхем ќе мора да исплатат астрономски 852 милиони фунти во кредити кои ги земале за да го комплетираат нивниот нов прекрасен стадион.

Последните објавени пресметки на клубот, откриваат дека Тотенхем ќе мора да ја плати неверојатни 215 милиони фунти само во камати! Тотенхем на стартот позајмија 637 милиони фунти од „Голдман Сакс“, „Бенк оф Америка“ и „ХБСЦ“ за да ја платат изградбата на стадионот, пред минатиот септември претседателот на клубот, Даниел Леви да рефинансира 525 милиони фунти од овој долг во долгорочна шема на обврзници.

Клубот ќе плаќа просечно 37 милиони фунти за до 2042 година за да го исплати долгот, но постои опција во првите десет години од кредитот да ја плаќаат само каматата, со што крајниот рок за исплата ќе се продолжи до 2050 година.

Како споредба, последните пет години пред јануари, Тотенхем потроши 21 милиони фунти годишно на трансфери. Тотенхем заработува околу 5 милиони фунти за домашните натпревари, но оваа опција сега не е валидна кога се најавуваат мечеви без публика.

Тотенхем го проценува својот стадион на 1.1 милијарди фунти.

Scroll to Top