Дождот престана да паѓа во аргентинската престолнина, Буено Аирес што значи дека на легендарниот стадион „Бомбониера“, вечерва ќе се одигра првиот финален меч во Копа Либертадорес )пандан на европската Лига на шампиони).
„Суперкласико“ требаше да се одигра синоќа, меѓутоа силниот дожд го натопи теренот, поради што условите за игра беа невозможни.
Ниту информациите од ова утр не беа охрабрувачки, постоеше можност натпреварот да биде одложен за 17.ноември, но откако дождот престана на паѓа, челниците на КОМЕМБОЛ, решија мечот да се игра.
Натпреварот ќе започне во 20 часот.