Top Sport

Чешка владее во Фед купот

Женската репрезентација на Чешка во тенис го освои Фед купот. Чешките тенисерки, на домашен терен во Прага, забележаа максимална победа 3:0 над САД.

Третиот бод на Чешка и го донесе Катерина Синијакова која по голема борба ја победи Софија Кенин со 7:5, 5:7, 7:5. Кенин во вториот сет не успеа да реализира две меч топки. Дуелот траеше три часа и 45 минути.

Претходно првите два бода на Чешка и ги донесоа Барбара Стрицова која ја надигра Софија Кенин 6:7, 6:1, 6:4, додека Катерина Синијакова со 6:3, 7:6 ја победи Алисон Риск.

Двете репрезентации беа ослабени во финалето, Чешка играше без Петра Квитова и Каролина Плишкова, а за САД не настапија Слоун Стивенс, Медисон Киз и сестрите Вилојамс.

Чешка шести пат во последните осум години го освои Фед купот.

Scroll to Top