Top Sport

Ќе стане „предавник“ навивачите – Мауро Икарди веќе има договор со Јувентус?

Сагата околу Мауро Икарди и одземањето на неговата капитенска лента во Интер може да има неверојатен крај – со негов трансфер во Јувентус, ако се верува на пишувањата на италијанските медиуми.

Икарди не е во составот на Интер за мечот со Рапид Виена во Лига Европа, откако реши да не отпатува со тимот, по што тренерот Лучано Спалети му ја одзеде капитенската лента и го именуваше Самир Хандановиќ за нов капитен.

Околу Икарди имаше голем број на шпекулации, откако тој го одолговлекуваше потпишувањето на новиот договор. 25-годишниот Аргентинец има договор до 2021 година, а неговата сопруга и агент, Ванда Нара изјавуваше дека преговорите траат.

Сега, по сите инциденти, „Калчомеркато“ и нивниот новинар Валер де Маџо тврдат дека тој веќе се договорил со италијанскиот шампион.

„Во Интер веќе знаат дека тој има договор со Јувентус. Интер се голем клуб, а Бепе Марота е човек кој го познава фудбалот. Да му се одземе капитенската лента е голема одлука и тоа значи дека работата е веќе завршена“, вели Де Маџо.

Фото: ЕПА

Икарди останал без капитенската лента поради Перишиќ

Scroll to Top