Top Sport

Кјелини неизвесен и за осминафиналето!

Италијанскиот капитен Џорџо Кјелини ќе го пропушти последниот меч од групната фаза против Велс во недела, и уште не е јасно дали ќе биде подготвен да се врати за осминафиналето поради проблем со мускулот на раката.

36-годишниот фудбалер на Јувентус беше заменет во првото полувреме на вчерашниот меч против Швајцарија и според „Скај спорт Италија“ неговата физичка подготвеност ќе биде тестирана ден-за-ден.

Италијанците веќе се квалификуваше за осминафиналето и со реми против Велс ќе го осигураат првото место во А групата, а мечот од осминафиналето ќе го играат на 26 јуни.

Scroll to Top