Top Sport

Мегваер се враќа против Шкотска

Англискиот селектор Герет Саутгејт потврди дека Хери Мегваер ќе биде во составот за дербито на ЕУРО 2020 против Шкотска.

Мегваер е во 26-члениот состав на Саутгејт за првенството и покрај тоа што нема играно по повредата добиена на мечот Манчестер јунајтед-Астон вила на 9 мај. 28-годишниот дефанзивец не играше на подготвителните мечеви против Австрија и Романија, ниту при 1:0 победата над Хрватска во првиот меч од групата Д.

„Хери ќе игра утре. Ќе видиме дали ќе биде подготвен за старт, но навистина сум задоволен од неговиот прогрес. Тренира со тимот веќе пет дена без проблеми и секој нареден ден е посигурен. Секако, го очекуваме во тимот“, вели Саутгејт.

Scroll to Top