Долгогодишниот капитен на Јувентус и на фудбалската репрезентација на Италија, Џорџо Кјелини, ја напушти Серија А и се пресели во Америка. Тој ќе игра во МЛС – лигата на САД и беше промовиран како нов фудбалер на Лос Анџелес.
„Сигурен сум дека ова е вистинскиот клуб за мене. Лос Анџелес е фантастичен град и навистина ќе биде навистина да живеам тука. Мислам дека ги имаме сите предиспозиции да бидеме тим со победнички менталитет“, изјави Кјелини на промоцијата.
Лос Анџелес е лидер во МЛС – лигата со 33 бода од 16 меча, а покрај Кјелини, набрзо треба да пристигне и Герет Бејл.