Фудбалерот на Јувентус, Џорџо Кјелини, ќе потпише нов договор со клубот. Дефанзивецот дресот на „старата дама“ ќе го носи до 2020 година.
Актуелниот договор на на Кјелини му истекува кон крајот на овој месец, а како што пренесува „Скај спорт Италија“, преговрите за продолжување на соработката се во завршна фаза.
Кјелини (30), во Јувентус е од 2005 година, со клубот досега освоил седум титули во Серија А, четири во Купот и три во италијанскиот Суперкуп.
Во кариерата настапувал и за Ливорно, Рома и Фиорентина.