Top Sport

Кјелини во одбрана на Мегваер: Можеби не е Рио Фердинанд, но е доволно добар

Легендарниот италијански дефанзивец Џорџо Кјелини изјави дека му е жал за ситуацијата во која се наоѓа Хери Мегваер, посочувајќи дека Манчестер јунајтед очекуваат премногу од 29-годишниот Англичанец.

dobivaj vesti na viber

Мегваер се најде во необична ситуација иако е капитен на Јунајтед, да биде на клупата откако Ерик Тен Хаг ги преферира Рафаел Варан и Лисандро Мартинез и тој ќе мора да се бори за место во својот тим, но и во репрезентацијата пред Светското првенство во Катар.

„Жал ми е за ситуацијата на Мегваер, бидејќи тој е добар фудбалер. Тие бараат премногу од него, само бидејќи платија 80 милиони фунти очекуваат да биде најдобар на секој меч. Тоа не е исправно. Вредноста на пазарот е нешто што ние фудбалерите не го контролираме. Тој и Џон Стоунс се добро дуо. Океј, можеби не е Рио Фердинанд, но е доволно добар. Оваа ситуација нема да и помогне на Англија на првенството, бидејќи не освојувате титула со проблеми кај клучните фудбалери, а Мегваер е еден од клучните за нив“, вели Кјелини за „Тајмс“.

Scroll to Top