Top Sport

Мекгрегор му одговори на Мејведер: Не сум заинтересиран

Конор Мекгрегор не е заинтересиран за римеч со Флојд Мејведер Јуниор пет години по нивната прва пресметка, порачувајќи дека има доволно обврски и пари да не му е потребен уште еден чек од над 100 милиони долари.

Мејведер, кој се подготвува за егзибициски меч против Јапонецот Микуру Асакура во Саитама овој викенд, во интервју за „Дејли мејл“ изјави дека постојат преговори со тимот на Мекгрегор за меч во 2023 година, и дека тоа ќе му биде уште една лесна задача како „јутјуберите и ММА борците“ со кои имаше егзибиции последните години.

Меѓутоа, Ирецот очигледно не е заинтересиран. Тој прво на Инстаграм објави фотографија од нивниот прв меч со кратка порака: „Не сум заинтересиран“, за потоа да објави уште една фотографија на која ги има сите негови бизниси кои ги создаде по тој меч.

Мејведер и Мекгрегор на римеч следната година

Scroll to Top