Фудбалерите на Јувентус со минимална победа над Парма на „Енио Тардини“ ја започнаа одбраната на титулата во Серија А. Единствениот гол на мечот, кој воедно е прв оваа сезона во Серија А, го постигна Џорџо Кјелини.
Избраниците на Маурицио Сари кој мечот го следеше и водеше од болничкиот кревет забележаа рутинска победа која можеше да биде изразена и со поголема разлика. Кјелини голот го постигна во 21 минута, кога најдобро се снајде во една карамбол ситуација.
Кристијано Роналдо постигна гол во првото полувреме, кој беше поништен по прегледувањето на снимката.
Јувентус во наредната рунда ќе игра против Наполи, а Парме ќе гостува кај Удинезе.