Top Sport

Лекција за Арсенал, Ливерпул го доби дербито (Видео)

Дербито на третото коло во Премиер лигата помеѓу Ливерпул и Арсенал им припадна на „црвените“ (3-1). Тимот на Јирген Клоп го задржа максималниот ефект во првенството, додека Арсенал го запиша првиот пораз.

Ливерпул во целост ги надиграа своите противници, иако Арсенал во првиот дел имаа две добри шанси при резултат 0-0 преку Обамејанг и Пепе.

„Црвените“ до победата ги предводеше Мохамед Салах кој со голема „помош“ на Давид Луиз постигна два гола.

Првиот гол на мечот го постигна Матип во 40 минута. Само што започна вториот дел Луиз без потреба направи прекршок врз Салах за пенал. Најстрогата казна Египќанецот ја претвори во гол во 48 минута.

Третиот гол на мечот, а својот втор, Салах го постигна во 59 минута. Напаѓачот на Ливерпул лесно се ослободи од Луиз, а потоа како брз воз стигна пред голот на Лено и ја погоди целта.

Конечниот резултат го постави Тореира која го совлада Адан по асистенцијата на Обамејанг.

Scroll to Top