Top Sport

Кјелини: Заминувам спокоен и среќен

Јувентус сезоната 2021/2022 ќе ја заврши без трофеј. Последен пат „страта дама“ сезона без освоен трофеј заврши пред 10 години. Јувентус синоќа во финалето на купот на Италија загуби од Интер со 4:2.

Легендарниот Џорџо Кјелини за прв пат по една деценија остана без трофеј, а искусниот 37-годишен дефанзивец по поразот од Интер објави дека си заминува од Јуве по 18 години минати во клубот.

„Ќе се збогувам на нашиот стадион во понеделник, но можеби ќе одиграм уште некоја минута во Фиренца. Заминувањето е 100 отсто мој избор. Од клубот си заминувам мирен и среќен“, изјави Кјелини по натпреварот.

Кјелини стана член на Јувентус во 2004 година. Тој пристигна од Ливорно, а потоа беше префрлен на позајмица во Фиорентина.

По враќањето во Торино, тој стана икона на клубот и човек без кого не можеше да се замисли стартиот состав „бјанконерите“. Кјелини стана и капитен на клубот, а вкупно за Јувентус настапи 558 пати и постигна 36 гола.

Scroll to Top