Top Sport

КЛ: Вест Хем закажа дуел против АЗ Алкмар

Англискиот премиерлигаш Вест Хем се пласира во полуфиналето на Конференциската лига на УЕФА откако го совлада Гент на домашен терен со 4:1. Првиот дуел во Белгија заврши 1:1, па „чеканите“ одат на мегдан на АЗ Алкмар во полуфинална пресметка од ова натпреварување.

Гент поведе со голот на Кујперс во26.минута, но израмни Микаел Антонио пред одморот.

Во вториот дел, Вест Хем постигна уште три гола. Лукас Пакета во 55.минута обезбеди нова предност, Деклан Рајс зголеми на 3:1, а серијата ја затвори повторно Микаел Антонио.

Scroll to Top