Top Sport

Клаудио Раниери ќе ја преземе Монца

Искусниот стратег Клаудио Раниери ќе биде новиот тренер на италијанскиот калчолигаш Монца. Новиот член на елитата, клуб кој е во сопственост на Силвио Берлускони, има очаен старт на сезоната, а раководството излезот го гледа во именување на нов тренер. Тоа треба да биде Клаудио Раниери.

Како што пренесуваат италијанските медиуми, Раниери, кој стана шампион на Англија со Лестер, ја прифатил понудата на Монца и ќе го преземе тимот на Силвио Берлускони.

Монца во првите пет кола од Серија А забележа исто толку порази со гол разлика 2:13.

Scroll to Top