Top Sport

Колашинац со „хет-трик Арсенал“ – гол, асистенција и повреда

На Арсенал му требаше херој на дуелот со Свонси и тука беше босанскохерцеговскиот „тенк“, како што го нарекоа фановите на „топчиите“, Сеад Колашинац.

Одличниот Колашинац, кој дојде на „Емирати“ како слободен играч од Шалке, постигна еден гол и асистираше на Арон Ремзи за Арсенал да се врати за 2:1 победа. Само новото засилување на Арсенал, Александер Лаказет има повеќе голови во сите натпреварувања за тимот на Арсен Венгер.

Сепак, тој го оствари и „хет-трикот Арсенал“ – заработи повреда на саботниот дуел.

Арсен Венгер вели дека Колашинац е доказ дека може да се најде одличен играч и за малку пари (во овој случај бесплатно).

„Верував во него, а сега тој им докажа на сите дека е вистинско засилување. Кога ќе ги погледнете неговите натпревари, сфаќате дека има добри договори во фудбалот. Тој е успешен бидејќи има природни квалитети кои го прават одлично крило, а покрај тоа ја има и силата потребна во Премиер лигата“, вели Венгер.

Scroll to Top